Џејн Сејмур се соблече за „Плејбој“ на 67 години

Актерката Џејн Сејмур позираше за „Плејбој“ на 67-годишна возраст, со што стана највозрасната жена која застанала пред објективот на машката библија.

Веста ја соопшти на својот инстаграм-профил, а дел од нејзиниот статус  под фотографијата гласи: „… на 67 години се чувствувам подобро од  кога било“. Само за неколку часа постот  собра над 7 000 лајка.

Ова е трето позирање на акерката за „Плејбој“. Претходните две фотосесии се од 1973 и 1987 година. Сејмур е позната и како една од девојките на Џејмс Бонд (од 1973 година, кога Бонд е Роџер Мур). Тврди дека денес се чувствува посекси отколку на почетокот на кариерата, иако сфаќа дека на нејзина возраст жената обично е „невидлива и незабележителна“.

„Се чувствувам удобно во својата кожа, но не сакам на никого ништо да докажувам“, изјави таа во интервју за списанието.

Scroll to Top