Холивудскиот актер Џејсон Момоа има нова девојка. Медиумите пренесоа дека актерот е заљубен во мексиканската актерка Еиза Гонзалес. Двајцата биле видени на премиерата на нејзиниот филм „Амбуланта“, која се одржа минатиот месец.
Иако не се појавија заедно на црвениот тепих, извор близок до актерката потврди дека таа му е новата девојка, пренесе People. Еиза кариерата ја почнала во теленовели, а подоцна глумела и во поголеми филмови, меѓу кои и Baby Driver.
Извор близок до неа рече дека Еиза ужива во врската и вниманието кое го добива од Момоа.
„Таа на бара дечко секоја цена. Се забавува затоа што е многу е зафатена со кариерата“, рече изворот за People. Нивната врска ја потврдија уште неколкумина откако и двајцата се појавија на премиерата на филмот.
„Во врска се. На Џејсон му е важна и се чувствува одлично“, рече извор близок до неа.
„Двајцата се многу зафатени, но сакаат и да се дружат. Уживаат во друштвото, но засега ништо не е сериозно“, рече изворот.
За потсетување, Момоа годинава објави дека по пет години брак, се разведува со актерката Лиса Бонет. Тие беа во врска од 2005 година, а тајно се венчаа во 2017 година. Заедно имаат и две деца. Момоа покрај „Аквамен“ е познат и по улогата во хит-серијата „Игра на престолот“.