Џек Пери се прости од својот татко Лук

Синот на американскиот актер Лук Пери, Џек Пери, се прости од својот прерано починат татко на социјални мрежи. Џек напиша дека сΦ што знае во животот го научил од него и дека ќе направи си за да продолжи неговото наследство.

„Беше нешто големо за многу луѓе, но за мене секогаш беше тато. Ме сакаше и ми даваше поддршка во сè што ќе пробав во животот. Ме инспирираше да бидам најдобар што можам. Научив многу од тебе и срцето ми се крши кога ќе помислам дека повеќе те нема. Ќе ми недостигаш секој ден додека одам на оваа земја. Ќе направам сè за да бидеш горд на мене. Те сакам“, напишал Џек на социјалните мрежи.

Лук Пери со неговата ќерка Софи

Џек Пери е борач кој настапува под името JungleBoy, а покрај него Лук Пери ја имаше и ќерката Софи (18). Актерот целиот свој имот им го оставил на нив двајцата, а според пишувањата на медиумите, неговата вереница Венди Мадисон нема да добие ништо.

Лук Пери минатата недела доживеа мозочен удар, а во понеделникот починал во болница. Во последните моменти од неговиот живот, покрај него беа неговото семејство и блиски пријатели.

Scroll to Top