Џенет Џексон повторно има проблеми со поранешниот маж

Пејачка Џенет Џексон во саботата преживеала семејна драма откако била принудена да повика полиција за да проверат дали сè е во ред со нејзиниот син Еис Ал Мана, пишува „Пипл“.

Момчето било со својот татко Висам Ал Мана во еден хотел во Малибу, кога Џенет ја повикала полицијата која во хотелот стигнала околу десет часот вечерта.

Пејачката ја повикала полцијата затоа што дадилката на нејзиниот син се уплашила од однесувањето на поранешниот сопруг на пејачката, по што се заклучила во тоалетот.

Како што пишуваат американските медиуми, неколку униформирани полицајци веднаш се појавиле на местото на настанот и утврдиле дека сè е во ред со детето.

Висам ал Мана е познат по своето темпераментно однесување, а Џенет во текот на нивниот брак трпела психичка злоупотреба.

 

 

Scroll to Top