Џенифер Анистон го натерала Бред Пит на деветмесечна апстиненција од секс

Холивудската актерка Џенифер Анистон го натерала нејзиниот поранешен партнер Бред Пит на деветмесечна апстиненција од секс, во времето додека беа заедно, пишуваат светските таблоиди.

Двојката почна да излегува во 1998 година, а нивните филмски агенти кумувале на нивното запознавање. „Дејли стар“, повикувајќи се на извор близок до нив, пишува дека Џенифер се плашела дека интимните односи може да ѝ ја расипат врската и затоа не сакала да брза.

„Тогаш сметаше дека ова ѝ е најмудрата одлука што можеше да ја донесе“, открива изворот.

Според пишувањата на таблоидите, првото водење љубов им се случило за време на еден романтичен викенд во 1999 година во Мексико.

Венчавката ја направија во 2000 година, но по само пет години објавија дека ќе се разведат. Бред продолжи со Анџелина Џоли, а иако на почетокот изгледаа како да се најсреќната двојка на светот, нивниот брак се растури, а судската битка околу нивните деца трае до ден денес.

Во јавноста се шират шпекулации дека Бред и Анџелина повторно се заедно, но засега ниту едниот ниту другиот не ги потврдиле ваквите вести.

Scroll to Top