Џенифер Анистон ќе глуми геј претседателка на Америка

Џенифер Анистон ќе ја игра првата американска геј претседателка во новиот филм на „Нетфликс“, „Први дами“. Нејзината сопруга ќе ја глуми Тиг Нотаро. Филмот се базира на сценариото што го напишале Нотаро и нејзината сопруга Стефани Алин.

Политичката комедија раскажува за Беверли и Кејси Николсон, првата жена претседател на САД и нејзината сопруга. Според сценаристките, „Први дами“ има цел да покаже дека зад секоја голема жена стои уште една одлична жена.

 

Scroll to Top