Џенифер Анистон ќе лансира своја линија на козметика

Актерката Џенифер Анистон ќе лансира своја линиуја на козметички бренд. Таа рече дека додека чекала да се врати во светот на глумата, поради пандемијата, работела и на нешто ново.

„Доаѓа нешто ново“, напиша таа на Инстаграм и доби голем број пофалби.

„Многу сме возбудени. Едвај чекаме да видиме за што се работи. Горди сме на тебе“, и напишаа фановите.

Анистон не откри за каков производ станува збор, туку само го откри името на брендот LolaVie. Таа во 2010 година лансираше парфем со ова име, но на крајот поради конфликти со слични брендови, се предомисли и го промени во нејзиното име.

За потсетување, Анистон веќе со години е заштитно име на брендот Aveedo, но и на многу други компании за убавина. Таа ќе има силна конкуренција годинава, затоа што со козметичка линија ќе излезат и Хали Болдвин и Аријана Гранде, додека Ким Кардашијан ќе ја претстави новата линија за производи за тело.

Scroll to Top