Џенифер Анистон не требала да ја глуми Рејчел во „Пријатели“

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон не требала да ја глуми Рејчел Грин во серијата „Пријатели“. За оваа улога претходно на аудиција била Тифани Амбер Тисен, но таа во последен момент ја загубила улогата заради возраста.

„Бев на аудиција за ‘Пријатели’, требаше да ја глумам Рејчел. Но, бев премлада во споредба со сите други актерки, па не успеа“, рекла Тифани во интервју. Таа тогаш имала само 20, а Џенифер имала 25 години.

Потоа Тифани ја доби улогата на Валери во серијата „Беверли Хилс 90210“. Иако се прослави со ликот на Валери, потоа добиваше само епизодни улоги во многу филмови и серии и не успеа да изгради успешна кариера.

Scroll to Top