Тетоважата што славната холивудска актерка Џенифер Анистон (52) ја има на зглобот на левата рака, има сентиментално значење и е многу духовна, рече актерката за списанието „Пипл“.
Едноставната и необична тетоважа што ја има актерката привлече внимание за време на „Разговорот во живо“, на Џенифер и нејзината пријателка, актерката Лиза Кудроу, со која со години ја снимаше серијата „Пријатели“.
Тогаш започнаа шпекулациите за значењето на необичните тетоважи на нејзината лева рака. Дека актерката е голем верник и дека тетоважите ѝ носат духовен мир, дека се поврзани со неодамнешната смрт на нејзиното куче Норман или со роденденот на актерката.
Меѓутоа, Џенифер и нејзината најдобра пријателка имаат идентична тетоважа на зглобот.
Џенифер на Инстаграм ѝ го честиташе роденденот на својата најдобра пријателка, актерката Андреа Бендевалд, со која е пријателка веќе 37 години. Меѓу објавените фотографии, се најде и фотографијата на која има два зглоба со тетоважите „11 11“.
Во роденденската честитка од 2018 година, Бендевалд ја нарече Џенифер своја „близначка од друга мајка и духовна сестра низ вековите“.
„Едвај чекам да прославиме и да посакаме повеќе магични желби! „1111“ Сакам да поминувам низ животот со тебе“, напиша таа во објавата.