Џенифер Анистон за „Пријатели“: Со екипата работиме на нешто

Aктерката Џенифер Анистон откри дека заедно со колегите од  ТВ-серијата „Пријатели“, напиша дека работат на нешто ново. Но, таа не сакаше да открие ништо повеќе од тоа.

Откако објави фотографија со колегите од серијата и со неа го „сруши“ Instagram, актерката гостуваше во Шоуто на Елен Деџенерис каде познатата ток-шоу водителка ја праша дали тоа значи дека повторно работат на нешто заедно.

Иако Анистон рече дека популарната серија нема да добие продолжение, таа додаде дека заедно со Кортни Кокс, Метју Пери, Лиса Кадроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер се обидуваат да смислат проект на кој би можеле да работат заедно.

„Би сакале да имаме нешто такво, но уште не знаеме што е тоа нешто“, рече таа и додаде:

„Значи, само се обидуваме – работиме на нешто.“

Кога Елен побара повеќе детали, на пример дали можеби станува збор за филм, Анистон одби да одговори.

„Не сакам да ги наведувам луѓето“, рече актерката.

Анистон имаше интересно гостување во ток-шоуто на Деџенерис во кое зборуваше на многу теми , а потоа и се бакнаа во уста со водителката.

Scroll to Top