Џенифер Гарнер среќна оти Бен Афлек повторно е вљубен

Нема лош однос меѓу некогашната холивудска двојка Џенифер Гарнер и Бен Афлек.

Џенифер наводно е среќна дека поранешниот сопруг ја пронашол љубовта во новата девојка, 32-годишната Ана де Армас,“ пишува „Ју-ес викли“ цитирајќи извор близок до Џенифер.

На 48-годишната актерка, која има три деца – Вајолет (14), Серафина (11) и Семјуел (8) – со оскаровецот, се чини дека ѝ е мило што Бен, конечно, се чувствува добро.

„Иако е на некој начин тажно,  гледам дека тој продолжил понатаму и е многу среќен. Тоа е врочем она што го посакува за таткото на своите деца“, додава изворот.

Џенифер и Бен се разделија во 2015 година, но холивудските sвезди, по разводот, напорно се трудеа да одржат добри меѓусебни односи поради децата.

Изворот додаде дека Џенифер е секогаш љубезна и му верува на Бен и му дозволува да го направи она што го сака кога е со децата.

Џенифер и Бен се венчаа во 2005 година, се разделија во 2015 година, а разводот траеше долго – речиси три години, до 2018 – што беше повод за озборувања дека повторно ќе бидат заедно.

 

Scroll to Top