Џенифер Лопез и Алекс Родригез посетуваат терапевт

Пејачката Џенифер Лопез откри дека со нејзиниот свршеник Роберт Родригез одат на терапија за да ја подобрат врската. Таа за магазинот Allure откри дека за време на карантинот двајцата се соочиле со потешкотии во комуникацијата и дека терапијата значително им помогнала.
„Терапијата многу ни помага. Драго ми е што сега си поминувам многу повеќе и многу поубаво со мојот свршеник и децата. Заедно играме безбол, се сликаме и им посветуваме време на малите работи, за кои не сме знаеле дека постојат“, изјавила таа.
За потсетување, Лопез се најде на насловната страница на магазинот Allure.
Scroll to Top