Пејачката и глумица Џенифер Лопез и нејзиното момче, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез, купиле заеднички стан на Менхетан во Њујорк. Станот, кој го платиле 15 милиони долари, е нивната прва заедничка недвижнина. По ова медиумите во Америка почнаа да пишуваат дека двојката наскоро ќе се венча.
Новиот луксузен стан на Лопез и Родригез е во зграда на парк Авенијата. Станот од 370 квадратни метри се наоѓа на 36. кат, има три спални соби, 4 бањи. Зградата во која е сместен станот има приватен паркинг, лични готвачи, модерна теретана, простории за јога и пилатес, сауна и приватни лифтови.