Џенифер Лопез рече дека сè уште верува во брак, пејачката подготвена да му даде уште една шанса на Бен Афлек

Пејачката и глумица Џенифер Лопез, во нејзиното последно интервју за „Тудеј“, рече дека сè уште верува во брак иако досега трипати се разведуваше. Таа во моментов е во врска со глумецот Бен Афлек, со кого беше во врска и во деведесетите години ѝ кој ја остави еден ден пред венчавката.

По Афлек, Лопез се мажеше трипати. Прво со глумецот Ојани Ноа во 1997, со кого се раздели една година подоцна. Потоа се омажи за кореографот Крис Џад. Оваа авантура траеше само две години, а потоа следеше бракот со нејзиниот колега, пејачот Марк Ентони во 2004 година, со кого ги има 13-годишните близнаци Ема и Макс. Двојката се разведе во 2014 година.

Џенифер Лопез на крајот беше во врска и со поранешниот бејзбол играч, Алекс Родригез, со кого ѝ се сврши, но, во април тие раскинаа, за на крај да се смири повторно со Бен. Иако досега немаше среќа во браковите, Лопез рече дека сè уште се чувствува себе сѝ за романтична личност.

„Сè уште верувам во среќен брак, до крајот на животот. Сигурна сум, 100 %“, рече пејачката, која во претстојниот филм „Омажи се за мене“ глуми пејачка која многупати била омажена, како и во вистинскиот живот.

„Чувствувам дека сум човечко суштество, како и сите други. Имав подеми и падови, правев грешки и навистина сум горда на она што го постигнав во мојот живот и за тоа каква личност сум и мајка и глумица“, рече Лопез.

Лопез беше во врска и со раперот Шон „Диди“ Комбс од 1999 до 2001 година, како и со Каспер Смарт подоцна. Се шпекулираше дека и пејачот Дрејк и договорил неколку состаноци, но подоцна излезе дека таквата кратка афера била само маркетиншки трик.

Scroll to Top