Порталот „Холивуд лајф“ улогата на Џенифер Лопез како стриптизета во „Измамничките од Волстрит“ ја оцени како потврда за нејзината „најдобра година досега“.
Тие се повикаа на извор близок до глумицата, кој вели дека таа таа се надева и на Оскарот.
„Секој филм за кој сум потпишала и секоја улога што сум ја одбрала беше во насока на тоа да се истражувам себеси како уметник, но и како глумица која го сака животот и луѓето околу“, изјави популарната Џеј Ло во една неодамнешна пригода.
Џенифер Лопез глуми стриптизета која како водач на криминална женска група, дрогирала и ограбувала богати машки клиенти од Њујорк. Филмот е заснован на вистинската приказна на Саманта Барбаш, која и ги призна злосторствата.