Џенифер Лопез во фустан со длабок рез и без градник

На актерката и пејачка Џенифер Лопез сè ѝ прилега. Латино пејачката се наоѓа на листата на најсекси жени на денешницата.

Таа повеќе од 20 години воодушевува на црвениот килим, а речиси секогаш е облечена во парчиња од најдобрите светски дизајнери. Дури и она што на другите жени изгледа обично, на Џенифер ѝ прилега совршено.

Пејачката во провокативен фустан без градник, и рез на креацијата, го сврте вниманието на репортерите.

За време на ноќна забава, низ социјалните мрежи се појавија голем број на фотографии од Џеј Ло, која доби голем број пофални коментари за нејзиниот изглед.

Scroll to Top