Пејачката и глумица Џенифер Лопез во шоуто на Џими Фалон, објасни кој е мистериозниот маж, кој бил виден на една од нејзините фотографии на социјалните мрежи, направени во вежбална. На фотографијата се гледа неговиот лик зад завесата и наводно изгледа како да ја демне. Сепак пејачката објасни дека не станува збор за такво нешто.
Тој е пријател на мојот вереник Алекс Родригез“, изјавила Лопез, која објаснила дека Алекс разговарал со него онлајн и дека сликата била зумирана.
„Не знам што прави, можеби во тој момент кога се сликав, тој квинал или се закашлал“, вели Лопез, која објаснила дека неговиот лик изгледал таков поради одразот на екранот од лаптопот.
Лопез ги смири нејзините фанови, кои коментираа и прашуваа на социјалните мрежи, дека мистериозен маж ја демне познатата латино ѕвезда.
„Го гледа ли уште некој типот зад Лопез? Што се случува? Ова е страшно“, беа некои од големиот број коментари, кои пејачката ги добила на социјалните мрежи.
Таа исто така во шоуто објасни дека поради пандемијата со коронавирусот, морале да ја одложат венчавката за понатаму.