Британскиот глумец Џереми Ајронс, кој гостуваше во шоуто на Сет Мајерс за да го промовира својот последен филм „Куќата Гучи“, зборуваше за својата долга кариера и за плановите за пензионирање. Тој вели дека постигнал сѐ што сакал во кариерата и дека му треба одмор од забавната индустрија.
„Купив остров недалеку од семејната куќа до каде што се стигнува со пливање. Ќе одгледувам пони и стока. Во последно време сѐ повеќе се занимавам со земјоделство, а сѐ помалку со глума“, рекол оскаровецот.
Тој раскажал и дека во 1998 година го купил замокот „Килко“ заедно со поранешната сопруга Шинед Кјузак и оттогаш целосно го реновирал.
„Издигнавме градби што личат на кули од замок, оној делот што оди горе-долу. Многу внимателно го испланиравме и направивме модели, а кога конечно беше готово, го погледнав и помислив дека нешто не е во ред. Премногу беше мал. Еден од моите пријатели рече: ‘Нема да им кажам на градежниците да одат горе поради твоите глупости’. Така, јас искачив 13 ката од скелињата и стигнав до врвот, па им велам: ‘Ова е прекрасно, момци. Прекрасно е ова што го изградивте, но сепак ќе треба да го урнете. Мораме да го направиме поголем. Не е доволно моќен’“, раскажа Ајронс анегдота во шоуто.