Џереми Ренер се јави по несреќата, премногу сум збунет за да ви пишам, но ви испраќам љубов на сите

Глумецот Џереми Ренер кој на 1 јануари доживеа нереќа чистејќи го снегот, се јави од болница за да ги смири фановите. Им порача дека е малку збунет за да им пише на сите, но дека е добар.

„Фала ви на сите за убавите зборови. Сега сум премногу збунет за да ви пишам пораки, но ви испраќам љубов на сите“, рече Џереми кој по несреќата беше пренесен во болница во Рино во Невада.

За потсетување, познатиот глумец се повреди обидувајќи се да му помогне на неговиот чистач на снег кој заглавил.
„Во неделата, Ренер се обиде да му помогне на возачот кој заглави во снегот пред неговата куќа. Во несреќата беше прегазен од сопственото возило“, рече градоначалничката Хилари Шиве.
Извор близок до глумецот за „Си-ен-ен“, рече дека повредите биле сериозни и досега му направиле две операции. Деталите од несреќата ги откри соседот кој рече дека возилото со кое го чистеле снегот поминало врз ногата на Џереми. За среќа бил лекар и одма му помогнал додека ја чекале итната помош.

 

 

Scroll to Top