Џеси Џеј не може да има деца

Британската пејачка Џеси Џеј откри дека никогаш нема да може да роди деца. Таа својата приказна ѝ ја раскажа на публиката во „Ројал Алберт хол“ во Лондон на концертот што го одржа пред неколку дена. Пред да ја испее песната Four Letter Word таа рекла пред 4 години ја дознала најлошата вест во животот, дека никогаш нема да стане мајка.

„Лекарите ми соопштија дека никогаш нема да можам да имам деца. Не ви го кажувам ова за да ме сожалувате бидејќи јас сум само една од милионите мажи и жени кои поминуваат низ ова во светот. Тоа не е нешто што не одредува, но оваа песна ја напишав за себе во моменти на тага и болка, сакав да си пружам радост така што другите луѓе ќе можат да ја слушаат песната во моменти кога им е многу тешко“, рекла Џеси на концертот.

Таа им порачала на сите да не се обесхрабруваат, оти истата болка ја делат со многу други луѓе во светот.

„Ако некогаш сте искусиле нешто вакво или знаете некој кој проаѓа низ ова или изгубил дете, знајте дека не сте сами во вашата болка. Мислам на сите вас додека ја пеам оваа песна“, рекла Џеси.

Популарната пејачка од неодамна е во врска со актерот Ченинг Тетјум, кој пак, пред 6 месеци се разведе од сопругата Џена Деван.

Scroll to Top