Холивудската актерка Џесика Алба во емисијата на Џими Фалон откри дека подолго време посетува терапија заедно со нејзината ќерка Онор, сè со цел за подобро да комуницираат.
Алба признала дека нејзиното родителство е различно од начинот на кој таа била восптувана. Вели дека нејзината основна желба кога тргнала на терапија, била да научи да биде подобра мајка и подобро да комуницира со нејзината ќерка.
„Повеќето луѓет меѓу кои и во моето семејство, мислат дека треба да зборуваш со свештеник и тоа е тоа. Не можам да се чувствувам опуштено, ако зборувам со нив за своите чувства. Не пораснав во опкружување каде можеш да зборуваш за тие работи. Едноставно тоа ќе го заборавевме и ќе продолжевме да живееме понатаму. Сега пронаоѓам многу инспирација само во разговорот со моите деца“, вели Алба.
Џесика Алба е мајка на три деца а со нејзиниот сопруг Кеш Ворен велат дека имаат цел да остварат подобра комуникација со своите ќерки.
„Јас едноставно не сум емоционално подготвена за тинејџерска доба или за што било друго, како што се хормоните и првата љубов“, признала актерката.