Џесика Алба се кае за тетоважите што ги направила

Актерката Џесика Алба вели дека се кае поради некои тетоважи што ги направила во младоста.

„Имам неколку тетоважи и морам да признаам дека се каам поради една, всушност две“, признала 38-годишната актерка.

Едната тетоважа Алба ја опишала како печат што се наоѓа на нејзиниот грб. За другата вели дека станува збор за букет цвеќе истетовиран на вратот.

„Тетоважите ги имам од 17-годишна возраст. Страшно ме иритираат. Многупати одев на ласерско отстранување, но ништо не помогна“, вели Алба.

Иако се кае поради овие тетоважи, актерката, која е мајка на три деца, повторно решила да се тетовира и овој пат се одлучила за хороскопски знаци на нејзините деца.

„Кога сте млади и кога имате 17 години тогаш не размислувате дека тетоважата треба да има некои длабоко значење. Затоа сега, на 38 години, ги истетовирав хороскопските знаци на моите деца, затоа што тие се целиот мој живот“, вели Алба.

 

 

Scroll to Top