Џиџи Хадид уапсена и обвинета за поседување марихуана

Откако минатата недела полета за Кајманските Острови, Џиџи Хадид е уапсена и обвинета за поседување марихуана и реквизити за дрога. Манекенката, која патувала со пријателката Леа Мекарти, пристигнала со приватен авион на меѓународниот аеродром Овен Робертс на 10 јули.

Агентите на царината и граничната контрола во чантата и откриле марихуана и реквизити за пушење“, пренесе „Дејли Мејл“. Утврдиле е дека марихуаната е за лична употреба, иако на почеток и двете биле уапсени под обвинение за увоз на марихуана и увоз на прибор за пушење канабис.

Биле испрашувани во Кралскиот притворен центар на Кајманските Острови каде им била одредена кауција. Подоцна биле ослободени  во очекување на пресудата“, објави весникот „Кајман Марл Роуд“.

Хадид и Мекарти се појавиле на суд на 12 јули и ја признале вината. Биле казнети со 1.000 долари.

„Џиџи патувала со марихуана купена легално во Њујорк со медицинска дозвола“, рече нејзиниот претавник.

„Таа е легална и за медицинска употреба во Гранд Кајман од 2017 година. Нејзиното досие ќе остане чисто и ќе може да ужива во остатокот од своето време на островот“, додаде тој.

Scroll to Top