Џил Бајден на насловната страница на „Вог“ откако Меланија Трамп беше игнорирана

Првата дама на САД повторно е на насловната страница на „Вог“, по четири години пауза, откако оваа можност ѝ беше ускратена на Меланија Трамп. Сопругата на Џо Бајден е на насловната страница на августовското издание на магазинот. Џил  е облечена во фустан на Оскар де ла Рента, а фотографиите се на познатата Ени Либовиц.

Во интервјуто за магазинот таа вели дека има премногу иницијативи што сака да ги реализира додека е во Белата куќа.

„Има толку многу работи што сакав да ги направам и секогаш си велев дека нема залудно да ја потрошам оваа платформа. Сега имам уште поголема платформа и од ништо не сакам да се откажам“, вели таа.

Џил и Џо Бајден неодамна прославија 44 години брак и тој призна дека сè уште учи како да ги балансира претседателската работа и приватниот живот.

„Мора да научиме како да украдеме малку време еден од друг“, изјави Џо Бајден.

Сопругите на претседателите на САД веќе со децении се појавуваат на насловната страница на „Вог“.  Само Меланија Трамп беше исклучок, за што магазинот никогаш јавно не се изјасни.

Scroll to Top