Џо Пеши го малтретирал Меколи Калкин во „Сам дома“

Глумецот Џо Пеши откри дека го малтретирал својот помлад колега, Меколи Калкин, во хумористичниот филм во 90-те „Сам Дома“. Тој вели дека тоа го правел за да го натера Меколи да се соживее со улогата.

„Сакав навистина да поверува дека сум монструм, па полесно ќе се соживее со улогата“, објаснил Џо, кој во филмот го глумеше арамијата Хари, кој пак лесно паѓаше во замките на малиот Меколи кој го играше ликот на Кевин.

Филмот премиерно беше прикажан во 1990 година, а Кетрин Охара, која ја глумеше мајката на Кевин, во едно од интервјуата рече дека таа и понатаму е во контакт со Меколи и дека тој на шега се уште ја нарекува мама.

Меколи не беше единствениот Калкин кој глумеше во „Сам дома“. Во филмот се појави и неговиот помлад брат Киеран, кој исто така беше дел од првите две продолженија, а во него исто така го глумеше брат на Кевин.

 Филмот долго време беше на врвот по заработка со 285.7 милиони долари, а во 2017 година беше симнат од врвот од кинеската комедија „Никогаш не кажувај смрт“. Семејните божиќни филмови со Меколи Калкин во главната улога ги сруши сите рекорди на гледаност.
Scroll to Top