Џои се збогуваше со Чендлер: „Значи, ќе ги задржиш 20-те долари што ми ги должиш…“

Две недели по смртта на Метју Пери, се огласи неговиот колега од „Пријатели“ Мет Лебланк.

„Метју. Со тешко срце се збогувам со тебе. Ситуациите што ги поминавме заедно се едни од моите омилени моменти од мојот живот. Ми беше чест да ја споделам сцената со тебе и да те наречам мој пријател. Секогаш ќе се насмевнувам кога ќе помислам на тебе и никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај брат, конечно си слободен. И претпоставувам дека ќе ги задржиш тие 20 долари што ми ги должиш“, напиша Лебланк покрај фотографии од нивните заеднички сцени од „Пријатели“.

Мет и Метју ги играа најдобрите пријатели Џои и Чендлер од 1994 до 2004 година.

Метју Пери почина на крајот на октомври, на 54-годишна возраст. Најблиските пријатели и семејството на починатиот актер се собраа на 4 ноември на интимна церемонија во Меморијалниот парк Форест Лаун во Лос Анџелес, во близина на студиото „Ворнер Брос“, за да му кажат последно збогум на Пери.

Scroll to Top