Според податоци на интернет-платформата „Порн хаб“, последниве денови, сѐ повеќе луѓе го пребаруваат поимот „џокер“ барајќи порно содржини. Откако е објавен филмот со тој наслов, очигледно и љубителите на порното имаат големи очекувања.
Само во неделата, зборот бил пребаран 291.628 пати на порнографската страница. За четири дена, тој број изнесувал 741.000.
Порнографијата често ги одразува културните трендови, па дури и филмовите и видеоигрите. Ликот на Марго Роби – Харли Квин во „Одредот на отпишаните“ (Suicide Squad), лани имаше повеќе од 10 милиони пребарувања на „Порн хаб“.
Порнографијата ја рефлектира и политиката. Во 2018 година, на оваа порно страница Доналд Трамп е пребаруван 300.000 пати, во просек – околу 822 пати на ден, но Меланија Трамп двојно повеќе . Неговата љубовница, порно ѕвездата Сторми Даниелс, пак, која стана популарна по аферата со Трамп, беше апсолутна шампионка за 2017 година.
Според најголемата база на податоци од областа на филмот, ИМДБ, не постои порнофилм со ликот на Џокер.