Магазинот „Пипл“ го избра американскиот пејач и глумец Џон Леџенд за најсекси маж на светот во 2019 година. Леџенд вели дека и самиот не е сигурен дали ја заслужува ваквата титула. Леџенд за „Пипл“ вели дека бил изненаден од изборот и по малку се плаши од притисокот.
Британскиот глумец Елба беше прогласен за најсекси маж минатата година, а оваа година конкуренција на Леџенд за насловната на „Пипл“ му беа Џорџ Клуни, Крис Хемсворт, Адам Левин Блејк Шелтон и Чанинг Татум.
Леџенд во моментов е еден од членовите во жирито на популарната американска емисија The Voice. Магазнот „Пипл“ со Леџенд на насловната страна ќе излезе во петок.