Џон Леџенд стана татко

Моделот Криси Тиген и пејачот Џон Леџенд станаа родители по вторпат. 32-годишната Криси на „Твитер“ напиша дека родила син. Ова е второ дете на Криси и Џон, кои ја имаат 2-годишна ќерка Луна.

Моделот честопати јавно говореше дека се бори со неплодност и дека со Џон се обидувале да имаат бебе девет години пред да ја добијат Луна. Таа призна дека двапати остана бремена со ин витро оплодување.

Џон и Криси се верија во декември 2011 година, а стапија во брак во септември 2013 година.

Scroll to Top