Џон Сноу на поканата за свадба на Кит Харингтон

Ѕвездите на хит-серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон и Роуз Лесли, на пријателите им ги испратиле поканите за свадба. Според „Дејли мејл“ поканата е инспирирана од серијата, а на неа има и поштенска марка со слика од Џон Сноу, ликот што го игра Харингтон. Поштенските марки со ликовите од серијата во органичен број беа издадени од Британската пошта во почетокот на годинава.

Свадбата ќе се одржи во замок во Шкотска, родната земја на Лесли, а поканети се 200 гости. Кит и Лесли се свршија лани во септември, ама хи кријат сите детали за свадбата, ото се плашат да не дојдат голем број обожаватели.

Scroll to Top