Џон Сноу сака да стане татко

Глумецот Кит Харингтон, популарниот Џон Сноу од хит-серијата „Игра на тронови“, сака да стане татко. Тој во интервју за магазинот „Инстајл“ рекол дека со неговата сопруга Роуз Лесли, која ја глумеше Игрит во истата серија, разговарале за тоа и дека е време да имаат бебе.

„Сега кога ја завршив најважната работа во кариерата, сакам да станам татко. Помина речиси една година од свадбата, а со Роуз сме заедно веќе неколку години, па мислам дека е време за следниот чекор, а тоа е татковство“, рекол глумецот.

Харингтон во интервјуто рекол и дека не знае дали веќе сака да глуми покрај Роуз.

„Сцените што ги снимивме заедно ми се едни од омилените во животот. Ама по ова не знам дали некогаш повторно ќе глумиме заедно, ни дали би сакал да глумам покрај неа“, додал тој.

 

Scroll to Top