Џон Траволта може да убие човек, а за тоа да не одговара’

Постојат многу теории за тоа зошто големите актерски ѕвезди како Том Круз и Џон Траволта, останале во Сциентолошката црква откако беа откриени некои мрачни тајни од нивните поранешни верници.

Познатата актерка Леа Ремини излезе со медиумска бомба во оваа црква, тврдејќи дека нејзините лидери допуштаат поедини високи членови  да направат убиство.

Говорејќи во интервјуто за „Joe Rogan Experience“, Рамини изјави дека високопозиционираните членови, како што се Том Круз и Џон Траволта, буквално можат да се „извлечат со убиство“, тврдејќи дека политиката на Црквата е да земе уште еден живот, ако сака да го стори тоа.

Во неодамнешниот разговор за „Joe Rogan Experience“, актерката сугерирала дека Џон Траволта буквално може да се извлече ако убие човечко суштество.

Актерката позната по филмот „King of Queens“ изјави дека Крус и Траволта се најмоќните луѓе во таа организација и дека Траволта ја држи позицијата на „Khakhan“ – положба која му овозможува да „во основа убива“, друго човечко суштество ако тоа го сака.

Кога актерката запрашана дали Траволта му е дозволено да убива други луѓе, таа рекла:
„Да… Тоа се нарекува „етика на заштита“. Постои уште една политика која се нарекува „одговорност на лидерот“, која вели, она што мораш да го направиш за да го заштитиш лидерот, и мораш да го направиш. Ако видите мртво тело, морате да го „исчистите“ и сокриете“.

Тоа може на некој начин да ги објасни сите необјасниви и бројни смртни случаи поврзани со црквата во текот на годината, каде доказите и сведоштвата, намерно се искривени, за да се заштитат одредени членови на Црквата и да им се овозможи да се сокријат од законот.

„Јас тргнав по најбрзиот начин да излезам од својата сегашна ситуација. Јас немам никаква одбојност кон било кого, освен кон оваа црква“, изјави Ремини.

Scroll to Top