Џон Војт ќе биде одликуван со националeн медал

Оскаровецот Џон Војт заедно со пејачката и музичарка Алисон Краус и писателот на мистерии Џејмс Патерсон беа одликувани со национални медали за придонес во уметноста и хуманистиката.

Наградата ќе им ја додели американскиот претседател Донлад Трамп. Од Белата куќа ги објавија сите имиња на добитници на Национален медал на уметности, како и четворицата добитници на Медал на националните хуманистички науки.

Војт е еден од ретките гласни поддржувачи на Трамп во Холивуд, за кого вели дека е „најголемиот претседател на векот.“ Трамп ќе ги додели медалите за време на церемонија во Белата куќа в четврток.

 

Scroll to Top