Џонатан Најт реновира домови по распаѓањето на „Њу кидс он д блок“: „На распаднатите фарми им го враќам стариот сјај“

Џонатан Најт, еден од членовите на првиот бој-бенд во светот, „Њу кидс он д блок“, набргу ќе почне своја емисија за реновирање домови, „Фармхаус фиксер“. Најт вели дека по распаѓањето на бендот, тој решил да им помогне на луѓето и затоа реновира стари фарми. Досега реновирал над 200 имоти.

„Обожавам да гледам како стара фарма се враќа во живот. Јас сум толку среќен што имам две страсти – музиката и реновирањето, што дури не ги ни нарекувам работа. Тие се соништата што успеав да ги остварам“, вели тој.

Најт (52) првпат почна да реновира домови во 1994 кога бендот што ги прослави него, брат му Џордан, Џои Мекинтајар, Дени Вуд и Дони Валберг престана да постои.

„Дојдов дома на мојата фарма со површина од 20 хектари и се разбудив неколку дена подоцна. Се запрашав што ќе правам со остатокот од мојот живот. Имав 25-26 години и чувствував дека кариерата ми е завршена“, вели тој.

На крајот се спријателил со полицаец, кој бил задолжен за обезбедување на неговата улица. Кога станале пријатели, тој го прашал Најт дали сака да му помогне да го реновира и продаде имотот што го купил во градот. на почетокот пејачот признава дека мислел оти концептот е луд, но бидејќи имал многу слободно време, решил да прифати.

„Основавме компанија и реновиравме куѓи, па ги продававме и тоа траеше додека не заминав повторно на турнеја со ‘Њу кидс’ во 2008 година“, раскажал тој.

Во изминатите 27 години Најт обновил повеќе од 200 куќи во Нова Англија, вклучувајќи и комплекс-фарми од 18 и 19 век, куќата за мајка си, но и домот каде што живее тој со својот свршеник, фитнес-тренерот Харли Родригез (47), со кого е во врска од 2008 година.

„Враќањето на американските фарми во живот не е само хоби за мене – тоа е мојата страст, мојата опсесија. Им давам љубов, им го враќам стариот сјај“, додава тој.

 

Scroll to Top