Џони Деп: Амбер намерно изврши голема нужда во кревет

Филмската ѕвезда Џони Деп во едно скорешно интервју ја обвини поранешната сопруга, глумицата Амбер Херд, дека намерно извршила голема нужда во нивниот брачен кревет.

„Смешно е. Бизарно. Ми се налути затоа што задоцнив на забавата за нејзиниот триесетти роденден и изврши нужда во креветот каде што спиевме. Потоа, се тргна надолу“, рекол Деп кој се разведе од Херд по две години во брак.

Информацијата за таблоидите ја потврди и една од неговите чистачки, која рекла дека кога влегла во спалната соба, на креветот имало измет. Амбер тврдела дека кучето извршило нужда, ама чистачката тврди дека тоа не бил измет од куче.

Деп во интервјуто вели дека ова била една од причините заради која се развеле. Двојката се венча во февруари 2015 година, а се разведоа во јануари 2017 година.

Scroll to Top