Актерот Џони Деп заработи 40 илјади долари од средбите со неговите обожаватели во Москва. Од секоја средба наплатувал по 1.000 долари.
Тој неодамна гостуваше во Русија, каде одржа неколку концерти. Сепак, во јавноста најмногу се зборуваше, не за неговите настапи, туку за неговиот изглед. На социјалните мрежи обожавателите пишуваат дека се загрижени дека актерот можеби е болен. Тие коментираат дека на фотографиите е многу блед и видно ослабен.
Инаку, Џони Деп во 2012 година влезе во Гинисовата книга на рекорди со најголема годишна заработка од 75 милиони долари.