Џони Деп удри по Холивуд: Ме фрливте во корпа за отпадоци

Џони Деп проговори за холивудската филмска индустрија, велејќи дека е „фрлен во корпа за отпадоци“ и бара објаснување зошто не работи во неа со години.

Деп во 2022 година ја доби тужбата за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд поради статијата од 2018 година што ја напиша за „Вашингтон пост“. Претходно, Џони ја загуби тужбата за клевета против британскиот таблоид „Сан“, откако весникот објави статија во која го нарекува „тепач на сопруга“ – тврдења кои Деп отсекогаш ги негирал.

Ситуацијата доведе до тоа Деп да биде исфрлен од франшизата „Фантастични ѕверови“ (Fantastic Beasts) и со таа „етикета“ во последно време не доби ниту една холивудска улога. Повеќето од неговите неодамнешни улоги беа во европската кинематографија, вклучително и неговата последна улога како кралот Луј 15 во „Жан ду Бери“ (Jeanne Du Barry), каде што игра на француски.

Меѓутоа, дојдоа и неговите пет минути да биде сослушан за својата страна на приказната во врска катастрофалниот брак со Амбер Херд и клеветите од нејзина страна. По мачното судење, Џони Деп излезе како победник од судот.

Scroll to Top