Џони Деп за време на снимањето се пресметал со член од екипата

Една од најголемите холивудски ѕвезди, Џони Деп, изгледа дека е целосно надвор од контрола. Актерот веќе некое време ги полни насловните на таблоидите со својот банкрот и судски тужби што стигнуваат секојдневно, а се чини дека сега го допре и дното.

Како што јавува Page Six, Деп на снимањето на својот нов филм LAbyrinth физички го нападнал локацискиот менаџер пред остатокот од екипата да го оттргне.

Како што тврдат очевидците, сè почнало кога при снимањето една сцена, Деп одлучил да му ја преземе работата и на режисерот.

„Неговите пријатели беа на сцената и тој одлучи сцената да ја претвори во многу повеќе од тоа што го пишувало во сценариото“, изјавил еден од очевидците.

Екипата добила дозвола за потребите на сцената да го затвори строгиот центар на Лос Анџелес, но кога дозволата истекла, Деп и понатаму инсистирал да се продолжи со снимањето.

Кога локацискиот менаџер предупредил дека не можат повеќе да снимаат, подивениот актер му се внел во лицето и почнал да вика:

„Кој си ти? Ти немаш никакви права…“

Иако човекот му одговорил дека си ја работи својата работа, актерот се обидел да го удри со раката во ребрата. Кога го удрил прилично благо, Деп почнал да вика:

„Ајде ќе ти дадам 100.000 долари ако ме удриш“.

Остатокот од екипата зачудено гледале што се случува додека се обиделе да го тргнат настрана.

Членовите на екипата тврдат дека Деп пиел и пушел по цел ден и на сетот пристигнал прилично вознемирен.

Актерот и неговиот пиар-тим биле без коментар, но нема сомнение дека по неодамнешната тужба, неговите телохранители и правната битка што ја воделе со поранешниот менаџер, ова е уште еден удар за актерот.

Исто така, пред две години поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд, го тужела за семејно насилство, но целата работа завршила надвор од судот со седумте милиони долари што ѝ ги платил.

 

Scroll to Top