Џорџ и Амал Клуни потрошиле 100.000 евра за детска куќичка за близнаците

Холивудскиот глумец Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал потрошиле 100.000 евра за да им купат луксузна детска куќичка на двегодишните близнаци ќерката Ела и синот Александар.

Во дворот од семејната вила тие изградиле место каде децата можат да си играат. Куќичката е наменета за деца и ги има сите карактеристики на една обична куќа. Има функционална детска кујна, купатило, соби и голем простор со разни забавни содржини. Извор близок до семејството вели дека местото е вистинска бајка за деца.

Куќичката за играње ја изградиле светски познати дизајнери. Едно од нив е Барбара Бутлер која со години наназад се специјализирала за исклучиво уредување на детски куќички. На проектот работел и Михаел Смит, кој славата ја стекнал откако му ја преуредил канцеларијата на Барак Обама.

Светските медиуми пренесуваат дека славната двојка не се во најдобри односи и дека единствено нешто што ги држи заедно се нивните деца. Тие не се штеделе за да им направат времето минато во изолација го поминат незаборавно.

 

 

 

Scroll to Top