Џорџ и Амал Клуни со децата на одмор во Италија

Амал и Џорџ Клуни традиционално летуваат покрај езерото Комо во Италија. Пред неколку дена тие повторно се видени на ова летувалиште заедно со нивните две деца.

Познатиот актер од самиот почеток, а особено по нивната венчавка во 2016 година во Венеција, се труди стилски за да си одговара со сопругата, иако не му се непознати лежерните модни изданија. Овој пат во Италија ја придружува Амал во елегантен костум. Амал за оваа пригода пак одбрала уште еден совршен фустан во бела боја.  Овој пат таа носи модел во ретро стил, украсен со пердуви и уште еднаш покажа дека правилото облека и чанти во иста боја не е нешто што го практикува.

Познатиот пар на патување во Италија се со своите деца, близнаците Ела и Александар, а во шармот на оваа европска земја уживаат и сестрата на актерот Аделија Клуни и неговата мајка.

Неодамна се пишуваше дека Клуни не е во добри односи со неа, но се чини дека тие работи ги надминале и сега уживаат во шармот на Италија и можеби најелитниот дел од северна Италија.

 
Scroll to Top