Принцот Џорџ и неговата помала сестра принцезата Шарлот ќе продолжат да одат во училиште и покрај паниката што се рашири во јавноста за коронавирусот. Британските медиуми пренесуваат дека во училиштето каде што одат децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон има четири ученици кои се во карантин каде ги чекаат резултатите од тестовите.
Одговорните во училиштето порачаа дека имаат превентивни мерки за заштита какви што преземаат и другите институции.
„Сериозно го сфаќаме потенцијалниот ризик од ширењето на коронавирусот и за да го спречиме ширењето, ги следиме упатствата кои ни ги даваат властите. Добивме упатства како да ја спречиме инфекцијата и како да реагираме во случај да се посомневаме дека некој член или ученик е изложен на вирус или ако покажува некои симптоми“, велат одговорните од училиштето.
Од таму додаваат дека сите родители се информираат за сите настани и дека се во постојана комуникација како и досега, сè со цел на родителите им достават правовремени и сигурни информации.
„Се разбира, ќе ја сочуваме приватноста на нашиот персонал и ученици. Нема да коментираме приватни случаи“, велат од училиштето.
Кејт и Вилијам досега не се огласиле од овој случај, но судејќи според пишувањето на странските медиуми, нивните деца редовно ќе одат во училиште. На социјалните мрежи веднаш се јавија паничари кои верно ги следат случувањата во британското кралско семејство.
„Не го носете принцот во училиштето. Уште тој фали да се разболи и да останеме без наследник“, биле некои од коментарите на социјалните мрежи.