Џорџ Клуни исплашен за здравјето на неговиот син

Холивудскиот актер Џорџ Клуни изјавил дека се плаши за здравјето на неговиот син Александар, кој пати од астма. Глумецот е загрижен, особено сега во период кога низ светот владее пандемијата со коронавирусот и вели дека не знае какви сè ефекти би имал вирусот врз синот.

dobivaj vesti na viber

Клуни вели дека од март годинава, ретко кога излегол од дома и го напуштил местото на живеење во Лос Анџелес. Тој за Observer изјавил дека една од позитивните работи е тоа што имаат голема куќа, па имаат голем простор за рекреација.

„Оваа година беше очајна за поеќето од нас. Почна и продолжи да биде лоша. Но, јас се чувствувам како еден од среќните. За среќа јас сум успешен човек, со успешна кариера, кој успеал да обезбеди голема куќа за моето семејство. Имавме каде да прошетаме со Амал и децата“, изјавил Клуни.

Клуни и Амал, покрај Александар ја имаат Ела. Клуни вели дека ќе направи сè за да ги заштити своите деца. Со Амал се венчаа во 2014. година во Венеција, а близнаците ги добија три години подоцна.

.

Scroll to Top