Џорџ Клуни плачел за време на говорот на Амал Аламудин

Актерот Џорџ Клуни ја доби награда за животно дело во Лос Анџелес. Настанот беше обележан со говорот на неговата сопруга Амал во кој таа му рекла дека го сака. Џорџ Клуни не успеал да ги скрие емоциите, па заплакал во публиката.

„Многу ми е полесно да се обратам на судот во име на своите клиенти отколку да зборувам јавно како што тоа сега го правам за својот сопруг“, изјавил Амал, која по професија е адвокатка.

„Овој пат ова го правам затоа што многу се гордеам на сѐ што постигна. Еве неколку работи што не ги знаете за Џорџ. Пред сѐ, тој е џентлмен во секоја смисла на зборот. Секој што го знае, знае дека е старомоден, а неговите политички неистомисленици и оние со кои има професионални несогласувања ќе ви кажат само најдобро за неговите манири. Секојпат кога ќе го посетам на снимањето, екипата ми зборува за тоа дека Џорџ секогаш се залагал за најзагрозените“, истакнала Амал.

 

„Со тебе ја пронајдов љубовта за која само се надевав дека постои. Гледајќи те со нашите деца, Ела и Александар, можам да кажам дека сум најсреќната мајка на светот. Ти го исполнуваш нашиот дом со смеење и среќа. Се гордеам со тебе. Ти го честитам ова признание што го доби вечерва. Знаме дека и нашите деца се гордеат со тебе“, истакнала Амал, чиј говор бил доволен за Клуни да почне да плаче.

Scroll to Top