Џорџ Клуни поради Амал останал без 35 милиони долари, глумецот рече дека не се кае што останал без парите

Глумецот Џорџ Клуни поради неговата сопруга Амал, останал без 35 милиони долари, пренесуваат светските медиуми. Тој требало да се појави во реклама која требало да ја сними за една авиокомпанија, но, затоа што компанијата била поврзана за една сомнителна земја, сопругата Амал го советувала да не ја снима.

Клуни објасни дека тој одбил за рекламата 35 милиони долари, но, дека не се покајал за тоа што ја послушал сопругата. Тој рече дека Амал го сакува само најдоброто за него и дека како добар адвокат никогаш не би го советувала лошо.

Тој во разговор за „Гардијан“ не откри за која земја станува збор.

„Точно е дека ми понудија 35 милиони долари за едно снимање. Во прашање беше реклама за авиокомпанија, но, кога зборував за тоа со Амал, таа ми рече дека само ќе си го губам времето. Дека таа е врзана за една сомнителна земја. Си помислив дека ако поради тоа нема да имам мирен сон, подобро да не ја снимам“, рече Клуни, чие богатство се проценува на 500 милиони долари.

За потсетување, глумецот само од рекламата со неговиот лик на Nespres има заработено 30 милиони долари.

 

Scroll to Top