Џорџ Клуни ужива во улогата на татко и сопруг

Холивудскиот актер Џорџ Клуни вели дека ужива во улогата на татко и сопруг и се пофали дека неговите близнаци имаат голем потенцијал. На нивни години Клуни вели дека научиле работи, кои и возрасните не ги знаат.

Александар и Ела следниот месец ќе полнат две години, а Клуни и неговата сопруга Амал велат дека едноставно ги обожаваат.

„Тие се добри и среќни деца. Многу се смеат, постојано прават некакви детски штети. Ставаат путер од кикирики во чевлите и слично. Иако се близнаци, карактерно се целосно различни. Тоа се паметни и забавни деца. Веќе ја знаат целата абецеда на англиски и италијански јазик. Јас дури ни англиската не ја знам цела“, вели Клуни.

Освен близнаците, Клуни се пофали и со својата сопруга Амал, која постигнала неверојатни резултати работејќи на унапредувањето на човековите права како адвокатка. Таа совршено го балансира деловниот со приватниот живот.

„Таа води случај со ИСИС на суд, нешто што никој досега не го направил. Покрај нејзината работа, таа е неверојатна мајка и сјајна сопруга. Се чувствувам како да сме добиле џекпот“, изјавил Џорџ.

Двојката се во брак од 2014 година, а родители станаа три години подоцна. Деталите од приватниот живот, Амал и Клуни не сакаат премногу да ги изнесуваат во јавност, иако важат за еден од омилените брачни парови во светот на шоубизнисот.

 

 

 

Scroll to Top