Џорџ и Шарлот деверчиња на венчавката на Хари

Децата на принцот Вилијам и на војвотката Кејт, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, ќе бидат деверчиња на свадбата на неговиот помлад брат, принцот Хари и актерката Меган Маркл.

Меѓу девериците и деверчињата ќе бидат и децата на една од најдобрите пријателки на Меган Маркл, пренесуваат британските медиуми.

Кралското семејство минатата седмица соопшти дека придружбата на невестата ќе биде составена само од деца, бидејќи Маркл не можела да бира меѓу своите пријателки.

Scroll to Top