Џулиен Мур шик на 58 години

Џулиен Мур е дефинитивно една од најстилските актерки во светот. Особено убава и иа последното појавување на премиерата на филмот „Глориа Бел“ каде таа ја толкува главната улога.

Таа се појави во колоритен фустан со пердуви во комбинација со крем сандали на висока потпетица, а нејзината препознатлива црвена коса дополнително ја истакна со шик пунџа.

Во последно време 58-годишната актерка е зафатена со промовирање на нејзиниот нов филм, па така неодамна беше гостинка во шоуто на Стивен Колберт каде се појави во подеднакво шик издание.

И за оваа комбинација, одбра едноставна шминка и лежерна фризура врзана во пунџа.

Scroll to Top