Џулија Робертс и Џорџ Клуни по пет години повторно заедно

Холивудските ѕвезди Џулија Робертс и Џорџ Клуни ќе глумат заедно во новата романтична комедија „Билет за рајот“. Ова ќе биде нивни прв заеднички филм по пет години, откако во 2016 година глумеа во трилерот „Финансиско чудовиште“ на Џоди Фостер.

Клуни и Робертс, кои глумеа заедно и во „Единаесеттемина на Оушн“, се долгогодишни пријатели. Тие велат дека се пресреќни што пак ќе работат заедно.

Филмот ќе го режира Ол Паркер, а снимањето треба да почне на крајот на годината. Приказната е за разведена двојка, која патува на Бали за да ја спречи преселбата на својата ќерка.

 

Scroll to Top