Дијамантите на Тејлор, Лорен, Хепберн на изложба во Рим

Гламурозен накит од ерата на „Сладок живот“, култниот филм на Фелини од 1960, е главната атракција на новата изложба на „Булгари“ во Рим.

Изложбата „Булгари, приказната, сонот“ го содржи и ѓерданот со дијаманти и сафири што холивудската ѕвезда Ричард Бартон ѝ го подарил на Елизабет Тејлор за време на нивната бурна љубовна врска.

Изложбата се одржува во две историски палати, Палацо Венеција и замокот на Сент Анџело.

Во палатата Венеција е прикажана историјата на луксузниот бренд, што го основал Сотирио Булгари, грчки изработувач на сребрен накит. Гламурот е изложен во замокот, каде во делот „Холивуд и Тибер“ се претставени парчињата накит кои ги носеле легендарните актерки, како Софија Лорен, Џина Лолобриџида и Одри Хепберн. Има и парчиња облека од „Диор“ и „Ив Сан Лоран“.

Scroll to Top