Легендарните „Дип парпл“ најавија дека оваа година ќе снимат нов албум. Две години откако тргнаа на турнеја насловена „Долго збогум“, гитаристот Стив Морз потврди дека влегуваат во студио за да го завршат својот 21. албум.
„Почнувам со работа на два албуми, едниот од нив е на ‘Дип парпл‘. Ќе одржиме и уште неколку концерти годинава, само засега датумите не се потврдени“, рекол Морз.
Со тоа тој го демантираше пејачот Ијан Гилан кој лани рече дека е време да се пензионираат.
„Блиску сме до крајот, можеби две, три, четири години. Кој знае? Но, блиску сме“, рекол тогаш Гилан.